петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Жиру: Направив голема глупост зашто во главата сѐ уште сум – дете!

Жиру: Направив голема глупост зашто во главата сѐ уште сум – дете!

Французинот заборави дека неколку минути претходно доби жолт картон, па вредниот погодок го прослави со соблекување на дресот, што автоматски значи опомена, а за него во овој случај донесе и црвен картон. Жиру веднаш кога го соблече дресот знаеше дека направи глупав потег, но веќе беше доцна, па „росонерите“ во последните неколку минути мораа водството да го бранат со фудбалер помалку. За негова среќа, гостите не направија ништо во речиси седум минути од продолжението, па трите бода останаа на „Сан Сиро“.

„Тешко е да се најде правилен одговор за ова, бидејќи навистина сум бесен на себе. Ќе се чувствувам подобро за неколку часа, во моментов сум навистина лут. Бев бесен на себе уште веднаш, но се обидов да замолчам пред судијата. Пред да го направам тоа, си ја завршив работата, ја сместив топката во голот. Едноставно ова е фудбал, во натпревар со многу адреналин и кој беше многу тежок, во главата се уште сум мало дете. Морав да прославам, – изјави Жиру.