четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Златан Ибрахимовиќ ја заврши својата фудбалска кариера

Златан Ибрахимовиќ ја заврши својата фудбалска кариера

Славниот шведски напаѓач Златан Ибрајимовиќ е еден од најдобрите на 21 век, кариерата ја заврши во дресот на италијански Милан.

Ибра имаше многу проблеми со повредите во последните неколку години, но на теренот се враќаше и во дресот на Манчестер Јунајтед и во Милан, а откако пред неколку дена беше објавено дека нема да остане на „Сан Сиро“, имаше најави дека славниот Ибра би можел да се пензионира, иако постоеше можност да се врати во Шведска и таму да одигра уште една сезона.

Но, откако Ибрахимовиќ подлегна на напливот од емоции и се расплака пред мечот меѓу Милан и Верона (кој го добија „росонерите“ со 3:1) беше јасно дека само прашање на време беше кога ќе стигне официјалната објава за крај на една најубавите фудбалски приказни.