Кошаркарскиот клун Пелистер оствари пласман на завршниот турнир во АБА2 лигата со победата над Слога, но денеска пропушти шанса со уште поголема самодоверба да влезе во пресметките на топ 8 друштвото.
Битолчани имаа извонреден старт на мечот против Подготица и победоа со 12 поени предност во втората четвртина, но потоа дозволија серија од 11:0 на противникот и се влезе во егал ситуација до крајот на првиот дел.
Пелистер замина на пауза со предност од 47:43, но почна да паѓа во третата четвртина во која Подгорица наметна ритам, што направи да влезе со предност во четвртата четвртина.
Во последните 10 минути, подгоричани успеаја да се одлепат со двоцифрена предност и го решија прашањето околу победникот, па на крајот славеа со 97:84.
Карпентер со 24 поени беше најефикасен во тимот на Пелистер, додека во победничкиот тим се истакна Кљајевиќ во 19.