среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Ајви си замина од МЗТ Скопје

Ајви си замина од МЗТ Скопје

Eден од клучните кошаркари на МЗТ Скопје го напушта клубот. Станува збор за Американецот Бре Ајви, кој денеска побарал и веднаш добил раскин на договорот со македонскиот првак, поради парите што му се должат.

Ајви дојде во МЗТ Скопје пред крајот на ланската сезона од Академија ФМП, беспрекорната соработка со тренерот Петровиќ од тимот од Кисела Вода ја продолжи и во дресот на аеродромци, па беше меѓу најзаслужните и за освоената шампионска титула минатото првенство.

Заминувањето на овој одличен кошаркар доаѓа во најлош можен момент, само неколку дена пред клучниот дуел со Борац Чачак за опстанок во АБА-лигата.

Тој е вториот играч што го напушта МЗТ Скопје во рок од само неколку дена, по македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски