вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Александар Костовски го напушти Гостивар

Александар Костовски го напушти Гостивар

Македонскиот поранешен репрезентативец Александар Костоски е слободен играч, откако спогодбено го раскина договорот и си замина од Гостивар.

Пред нешто околу три месеци се најавуваше нова едногодишна соработка со шутерот, меѓутоа до такво нешто нема да дојде.

Александар Костоски, сега е слободен и ќе бара нова средина. Причините за раскинот се приватни.

Знаејќи ја потребата за квалитетните домашни кошаркари кај клубовите на домашната сцена, нема да биде тешко Костоски експресно да пронајде нов клуб. 33-годишниот кошаркар во Гостивар пристигна како важна алка во проектот во 2018 година од романски Питешти.