среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Американската новинарка му го реши проблемот на Јокиќ

Американската новинарка му го реши проблемот на Јокиќ

Откако Никола Јокиќ изјави дека нема поим каде е неговиот МВП трофеј, стигна информација дека пехарот е пронајден. Впрочем, тој не ни бил изгубен, само што најдобриот кошаркар во НБА бил помалку заинтересиран за пехарот од другите лауреати пред него.

Во интервју со новинарката Малика Ендрјус на ЕСПН, Јокиќ рече дека не знае каде е му е трофејот и дека би сакал да му биде вратен.

– Навистина не знам каде е пехарот – изјави Јокиќ на прашањето од новинарката зошто со себе не го носи вредниот трофеј.

Сепак, „мистеријата“ за МВП пехарот набрзо беше решена, а среќната вест на Јокиќ, колку и да не се потресуваше за трофеите, му ја соопшти токму новинарката на ЕСПН.

-Бидете сигурни, долгогодишниот економски гуру на Нагетс, Спарки Гонзалес, го исчисти трофејот и го подготви за парадата во четврток – објави Малика Ендрјус.