четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Андреј Маслинко ќе го носи дресот на Пелистер

Андреј Маслинко ќе го носи дресот на Пелистер

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Андреј Маслинко го смени клубот и во наредниот период ќе го носи дресот на Пелистер.

Центарот првиот дел од актуелнава сезона го мина во Гостивар, но откако ја заврши соработката со истиот реши да го прифати повикот од Битола и да соработува со тренерот Марјан Илиевски.

Пелистер како што е познато игра и во АБА2 лигата, па ова значи дека Андреј освен на домашната ќе може да се покаже и на регионалната сцена. Во досегашната кариера тој има уште настапувано за Работнички, МЗТ Скопје и ТФТ.