недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Антиќ беше дел од хуманитарен натпревар и ја посети федерацијата на Грција

Антиќ беше дел од хуманитарен натпревар и ја посети федерацијата на Грција

Во претходните неколку дена, првиот човек на Кошаркарската федерација на Македонија,

Перо Антиќ престојуваше во Грција. Тој беше на работка посета во федарацијата на оваа земја, а зеде учество и на хуманитарен настан.

Антиќ се сретна со претседателот на кошарката во Грција, Евангелос Љољос, кој минатово лето беше во посета на Македонија. Заедно со нив, на состанокот беше и Димос Дикудис, искусниот поранешен репрезентативец кој е дел од менаџерскиот тим на сениорската репрезентација на Грција.

Антиќ учествуваше и во хуманитарен натпревар во организација на Здружението за заштита и поддршка на жени „WIN Hellas“, кои неретко организираат настани од полето на спречување и борба против насилството врз жените и промовирање на родовата еднаквост.