Македонскиот интернационалец и член на кошаркарскиот клуб Црвена звезда, Перо Антиќ, на гостувањето во емисијата „Кул Евролига“ говореше за повеќе теми меѓу кои и за ривалството со Партизан.
– Тоа е како воена зона. Кога се игра дербито, тоа е повеќе од животот. Можеш да ја освоиш Евролигата, но ако не победиш на дербито… Српското дерби не е како во Турција или Грција. Таму е забранет влезот во салата за гостинските начивачи, додека во Србија тоа е дозволено и затоа уживам во атмосферта. Тоа ми дава голема мотивација, истакна кошаркарот на Црвена звезда.
Тој зборуваше за својата богата кариера и додаде дека навивачите во Европа се посебни.
– Навивачите на Црвена звезда, Олимпијакос и Фенербахче дефитинивно се најдобри во светот. Тие се во моето срце. Во НБА е многу поразлично од Европа, наведе македонскиот кошаркар.
Антиќ помина две сезони во НБА лигата, како дел од тимот на Атланта хоукс.