петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Антиќ за Димитријевиќ: Најмногу сум разочаран од него бидејќи уште кога беше мал, постојано бев зад него и го поддржував

Антиќ за Димитријевиќ: Најмногу сум разочаран од него бидејќи уште кога беше мал, постојано бев зад него и го поддржував

Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ се надоврза на критиките од селекторот кон Ненад Димитријевиќ кој повторно ја одби можноста да игра за репрезентацијата.

Димитријевиќ играше во претходниот квалификациски циклус, но на почетокот од овој ќе го нема во составот на Бајиќ.

„Кажавме на стартот дека нема да одиме на суспензии, сакаме играчите самоволно да дојдат да играат за репрезентацијата. Најмногу сум разочаран од Димитријевиќ бидејќи уште кога беше мал, постојано бев зад него и го поддржував. Како личности, а и како федерација, мислам дека не заслуживме ваков однос од него. Зборувавме со ФИБА, имаме дисциплински правилни и ќе постапуваме според него. Сакам да му посакам многу среќа на селекторот и на неговиот тим, со позитивната атмосфера што ја имаат бидејќи ја знаеме нивната цел“, рече Антиќ.