вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Аргентина преко Јапонија до четврфинале на ОИ

Аргентина преко Јапонија до четврфинале на ОИ

Аргентина е последниот патник во четвртфиналето на машкиот олимпискиот кошаркарски турнир.

Актуелниот светски вицешампион го доби директниот дуел против Јапонија со 97-77  за пласман во следната фаза.

.Луис Скола запиша „дабл-дабл“ со 23 поени и 10 скока, а НБА ѕвездата Факундо Кампацо крај своето име запиша 17 поени, 11 асистенции и 7 скокао. Баба со 18 и Ватанабе со 17 поени беа најдобри кај домашната селекција.

Словенија и Шпанија во директен дуел ќе одлучат кој ќе го освои првото место во групата во последното соочување во групната фаза.

Четвртфинале на машкиот кошаркарски турнир ќе играат Франција, Шпанија, Австралија, Соединетите Американски Држави, Словенија, Италија, Аргентија и Германија.