Селекторот на Турција Ергин Атаман и неговиот шпански колега Серхио Скариоло останаа разочарани од посетеноста на натпреварите во групата А на Евробаскетот што се игра во Тбилиси, Грузија.
„Имаме големи цели и мораме да ги минимизираме грешките. Сакам да видам поголема флуидност во играта на двете страни од теренот. Можеби бевме возбудени против Црна Гора поради стартот на турнирот, а можеби и поради недоволната концентрација бидејќи атмосферата овде е многу лоша. Воопшто нема гледачи освен кога игра Грузија.По долги години во Евролигата, да се доживее вакво нешто на ваков турнир.Мислам дека во салата имаше 100 луѓе“, изјави Атаман.
Скариоло со повеќе хумор пристапи кон проблемот.
„Сигурен сум дека повеќе роднини на Лоренцо го гледаа натпреварот онлајн отколку што имаше луѓе во салата.