На прес-конференцијата пред натпреварот со Реал Мадрид тренерот на Ефес, Ергин Атаман зборуваше за карактерот на неговиот тим.
„По големата битка синоќа, чест е што ќе играме уште едно финале и ќе ја браниме титулата. Нема да најдете тим кој ќе победува цела сезона. На почетокот имавме проблеми, бев загрижен, но како играме во последните три години, верував дека ќе се вратиме. Ние сме шампионски тим и кога ќе дојде вистинскиот момент ќе играме најдобро. Не мислам дека полуфиналните натпревари ќе влијаат на финалниот дуел. Двете екипи имаат различни стилови и се доследни на својата филозофија. Имам шампиони во тимот и уживаат во нашиот систем. Овој систем е корисен посебно за бековите. Вчера одлучив Васа Мициќ да решава, а тој ја „чита“ ситуацијата и одлучува. Во таа последна четвртина Ларкин почувствува повреда, одмори неколку минути и кога се врати не беше истиот играч. Затоа се одлучив да му дадам одговорност на Василије.“, изјави Атаман.
Финалето на Евролигата во Белград е закажано со старт во 19:00 часот, додека претходно во терминот од 16:00 ќе се судрат Барселона и Олимпијакос за третото место.