вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Атанасов: МЗТ ја заслужи победата, во Скопје очекуваме полна сала со Цибона

Атанасов: МЗТ ја заслужи победата, во Скопје очекуваме полна сала со Цибона

Васко Атанасов беше предводник на МЗТ Скопје на натпреварот „металците“ успеаја да ја забележат првата гостинска победа во АБА-лигата сезонава. Помошник-тренерот го менуваше Драган Николиќ кој беше отсустен поради зараза со коронавирусот.

МЗТ Скопје имаше водство скоро во текот на целиот натпревар и заслужено славеше важна победа во трката за опстанок во АБА, а денешниот тренер Атанасов го изнесе своето задоволство по натпреварот.

„Благодарам на КК Сплит за добрата организација и топлото добредојде. Натпреварот беше одигран во максимално коректна и спортска атмосфера. Најважно е дека победивме и искрено им честитам на момците и на сите во стручниот штаб. Знаевме дека овој натпревар за нас значи „борба за живот“, одигравме солидно и сосема заслужено ја запишавме првата гостинска победа сезонава. Го контролиравме натпреварот во повеќе од 33 минути и мислам дека едноставно моравме да славиме вчерва, а сите пофалби одат кон играчите“, заврши помошникот Атанасов.