Кошаркарите на Барселона во третиот меч од четвртфиналето во плејофот на Евролигата триумфираа со 75-66 против Баерн Минхен и дојдоа на чекор до пласман на Ф4-турнирот во Белград.
Баерн во петок ќе биде домаќин и на четвртиот меч, а победникот од овој дуел во полуфиналето ќе се соочи против Реал Мадрид, кој во три меча го реши Макаби Тел Авив.
Најдобар во победничкиот тим беше Миротиќ со 25 поени, шест скокови и исто толку асистенции, додека Лучиќ на спротивната страна постигна 17 поени, шест скокови и две асистенции.
На вториот меч Олимпијакос славеше со 87-83 и поведе со 2-1 во серијата.