четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Барселона ја совлада Басконија

Барселона ја совлада Басконија

Кошаркарите на Барселона ја спасија честа на гостинските екипи на петте мечеви кои вчера се одиграа во Евролигата во рамките на 20.коло.

Каталонците беа подобри од Басконија со 85-78 со што сега имаат учинок 13-7 во пресрет на дербито со Реал Мадрид кое е на програмата наредната рунда. Миротиќ уфрли 15, Јокубаитис 13, а двоцифрен беше и Саторански со 11 кошеви.

Кај поразените најрасположен за игра беше Седекерскис со 16 кошеви.Најдраматичниот меч пак се играше во Истанбул каде Фенербахче по дополните пет минути беше подобар од Монако со 98-94. Продолжението заврши со резултат 14-10, прво име беше Вилбекин со 21 поени, додека кај францускиот прволигаш се истакна Џејмс со 23 кошеви.