среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Барселона остана без Хигинс до крајот на сезоната

Барселона остана без Хигинс до крајот на сезоната

Шпанскиот кошаркарски тим Барселона остана без Американецот Кори Хигинс пред клучните натпревари сезонава, настапот на Фајнлфор во Евролигата и финалната битка за титулата во АЦБ лигата.

Хигинс долго време го мачеше болка во грбот, па откако помалите интервенции не дадоа резултат, беше одлучено денеска да биде подложен на операција, по што за него заврши сезоната.

Тоа ќе биде олеснување за Реал Мадрид или Партизан при евентуална средба на Ф4 со каталонскиот тим. Хигинс сезонава има просек од 8.7 поени, 3,2 скока и 1,7 асистенции во Евролигата.