Кошаркарскиот коектив на Барселона доживеа дебакл во Евролигата откако загуби во полуфиналето од Реал Мадрид, а потоа и од Монако во битката за трето место.
Раководството на тимот е незадоволно со резултатите и поради тоа го намали буџетот за следната сезона, а со тоа и платите на кошаркарите.
Еден од кошаркарите кои мора да си ја намалат платата е Никола Миротиќ, кој заработува 11 милиони евра.
Црногорецот мора да прифати помала плата за 50 отсто или во спротивно ќе треба да си бара нов клуб.