среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Белгија испиша историја и за првпат стана европски шампионки во кошарка во женска конкуренција

Белгија испиша историја и за првпат стана европски шампионки во кошарка во женска конкуренција

Женската кошаркарска репрезентација на Белгија за првпат успеа да стане европски првак во својата историја.

Во финалниот меч Белгија направи голем пресврт на финалето кое се одигра во Љубљана и во кое за противнички ги имаа Шпанките, а пресудна за тоа беше последната четвртина.

Шпанките го диктираа темпото во најдобар дел од мечот и пред самиот крај на третиот период имаа плус десет, 48:38, но двоцифрената предност беше анулирана поради бруталната последна четвртина.

Белгијките го добија последниот период со 21: 10 и се изборија за конечни 64:58, резултат со кој за првпат во историјата донесоа златно одличје за својата земја во кошарката.

Месеман со 24 поени беше најдобра во победничкиот тим, следена од Линскенс со 18, додека во Шпанија најефикасна беше Касас со 14 поени.