Лука Дончиќ и оваа сезона ја игра на фантастично ниво, но евидентно е дека тимот на Далас нема капацитет да се вмеша во борбата за титулата со овој ростер, без оглед на квалитетите на словенечката суперѕвезда. Газдата Марк Кјубан е свесен за ова и планира мини-ремонт во тимот, се со цел Дончиќ да ја добие неопходната помош за маверикс во наредните две години да се доизгради како тим со амбиции за највисок пласман.
Наместо тоа, челниците на Далас ја разгледуваат опцијата од тимот да направат екс-ју колонија, па на Словенецот Дончиќ на помош да му ги донесат Хрватот Бојан Богдановиќ и Србинот Богдан Богдановиќ.