Грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо би можел наскоро да замине од Милвоки бакс со кој го освои шампионскиот прстен во 2021 година.
Адетокумбо кажа дека ќе ја напушти екипата доколку раководството не ангажира квалитетни засилувања со кои Милвоки ќе може да се бори за титулата.
„Јас сум кошаркар на Милвоки и јас сум победник. Ако немам помош за борба за титули, тогаш ќе заминам од екипата“, кажал Јанис.