петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

БРУТАЛНО: Деца претепаа судија на натпревар во САД (ВИДЕО)

БРУТАЛНО: Деца претепаа судија на натпревар во САД (ВИДЕО)

Голем инцидент се случил на кошаркарски натпревар во средно училиште во малото гратче Литонија во предградието на Атланта.

Младите кошаркари на едната екипа не беа задоволни од одлуките на судијата, па веднаш по натпреварот истрчаа на теренот физички да се пресметаат со него.

Судијата почна да се повлекува за да избегне конфликт, но групата момчиња не се откажа од намерата. Тие го соборија судијата на земја и почнаа брутално да го удираат по стомакот и главата.

Нападнатиот беше тешко повреден и веднаш префрлен во болница. Лекарите морале да му стават 30 конци на главата, а, за среќа, неговата состојба сега е стабилна.

Засега никој ниту е уапсен, ниту обвинет за нападот, а полицијата потврдила дека има истрага која е во тек.