Кошаркарите на Црвена Звезда доживеаја пораз од 81-80 од Будуќност буквално во последните секунди од мечот.
Будуќност искористувајќи го домашниот терен израмни на 2-2 во финалната серија, изборувајќи се за мајсторка за титула во Белград.
Во последниот напад Лојд и Давидовац промашија шутеви за титула на Црвена Звезда, па ќе се игра мајсторка во Белград за новиот шампион во АБА регионалната лига.
Кобс беше најефикасен кај Будуќност со 22 поени, дополнети и со седум асистенции, а Митровиќ заврши со 13 постигнати поени. Кај Црвена Звезда се издвои Лојд со 23 поени и три скока.