недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Букмејкерите ги сметаат Лејкерс за фаворити во Западната конференција

Букмејкерите ги сметаат Лејкерс за фаворити во Западната конференција

Американските обложувалници излегоа со прогнозите за тоа кој ќе биде победник во Западната конференција од НБА-лигата во сезоната 2021/22. Прв фаворит е тимот на Лос Анџелес лејкерс.

„Езерџиите“ во пресрет на новата сезона се засилија со Расел Вестбрук.

Коефициентот за победа на тимот на Леброн Џејмс е 3,0.

Втор е Голден Стејт (5,5), кој го чека враќањето на дефанзивецот Клеј Томпсон во текот на сезоната.

Најголема шанса за третото место се дава на Феникс (8,5) кој беше победникот на Западот во сезоната 20/21.

Потоа следуваат: Клиперс и Јута (9,0), Далас и Денвер (12,0), Портланд (29), Њу Орлеанс (34,0), Мемфис (51,0), Минесота (81,0), Сакраменто и Сан Антонио (126,0), Хјустон и Оклахома Сити (151,0).