сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Ц.Звезда, Партизан и Валенсија во Евролигата?

Ц.Звезда, Партизан и Валенсија во Евролигата?

Уредникот на порталот Eurohoops, Арис Баркас најави промена на ставовите и реализирање на токму вакво сценарио

На ден пред состанокот на акционери на Евролига, Баркас ги објави имињата на трите клуба кои ќе добијат специјални покани со додавка дека тоа е „речиси сигурно“.

„Со Црвена Звезда и Партизан во финалето на АБА, речиси е сигурно дека последните три места во Евролига ќе им припаднат на српските клубови, плус Валенсија“, напиша Баркас на Твитер.

Интересно е тоа што Бертомеу во петокот ја оспори и можноста Валенсија да игра во Евролигата поради големиот шпански клубови во ова натпреварување. Баркас сега образложува дека такво било расположението на неформалниот брифинг на Жорди Бертомеу со дел од медиумите. Ако ова се оствари, значи дека Македонија по пет години повторно ќе има свој кошаркар во Евролигата. Ненад Димитријевиќ со Валенсија би играл во елитното натпреварување, првпат во својата кариера.