недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Црн Дрим го шокираше МЗТ Скопје

Црн Дрим го шокираше МЗТ Скопје

Екипата на МЗТ СКопје Аеродром приреди изненадување на своите навивачи и на гостински терен загуби кај Црн Дрим 90-88, со што во разигрувањето за титула ја одбра позицијата „четири“ и во плеј-офот ќе игра против Куманово.

Кај домашните Стаменковиќ беше најдобар со 21 поен, пред Соколовиќ со 17 и Пантиќ со 15 поени.

Бојиќ постигна 20 поени кај гостите, пред Гравет кој заврши со 18 поени, а трет стрелец беше Стојановски со 13 поени.