четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Дејан Бодирога е нов претседател на Евролигата

Дејан Бодирога е нов претседател на Евролигата

Дејан Бодирога е промовиран во нов претседател на Евролигата, највкалитетното кошаркарско клупско натпреварување во Европа. Бодирога доаѓа на местото на Жозеп Бартомеу кој 22 години беше прв човек на Евролигата. Задачата на Србинот сега е да го одржи високото ниво на лигата кое беше создадено низ изминатите години.

„Влегуваме во нова ера на Евролигата. Во изминатите 20 години, елитното европско кошаркарско натпреварувања стана сила во глобалниот спорт. Би сакал да му се заблагодарам на Жорди Бартомеу и неговиот тим за нивната визија и напорна работа и со нетрпение очекувам да продолжам да го проширувам влијанието на Евролигата и Еврокупот“, изјави Бодирога.

Покрај претседателската функција која му е доделена на Бодирога, Евролигата објави дека е назначен и нов извршен директор, се работи за Маршал Гликмен.