Олимпија Милано по освојувањето на титулата во италијанското првенство експресно се фокусираше на засилување на играчкиот кадар, потпишувајќи договор со Американецот Брендон Дејвис.
Одличниот центар пристигнува од Барселона, откако не ги оправда очекувањата на каталонците пристигнувајќи од Жалгирис на барање на тренерот Јасикевичиус.
„Среќен сум што дојдов овде, што станав дека од шампионот на Италија. Со нетрпение очекувам да почнам со работа со оваа квалитетна група на играчи“, изјави 31-годишниот Дејвис.