петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Денвер ја доби мајсторката со Јута, Бостон по втор пат подобар од Торонто

Денвер ја доби мајсторката со Јута, Бостон по втор пат подобар од Торонто

Денвер нагетс ќе игра во полуфиналето од Западната конференција, откако ноќеска ја совлада Јута со 80:78 во седмиот натпревар од првото коло во НБА плејофот.

Јокиќ со дабл-дабл ефект, односно 30 поени и 14 скока е најзаслужниот за победата на „Нагетс“ кои со вкупни 4-3 одат понатаму.

Денвер е само 12-от тим во историјата на НБА кој успеал да се врати по водство на противникот со 3-1 во победи.

Последен тим кој направил пресврт по 1-3, беше Кливленд кој во сезоната 2015/16 во финалето го победи Голден Стејт.

Противник на Денвер во следната рунда ќе му биде Лос Анџелес клиперс.

Во полуфиналето на Исток се одигра вториот меч од серијата меѓу Бостон и Торонто. Победа забележаа „Селтикс“ со 102:99, па сега актуелниот шампион Торонто се наоѓа во негатива од 0-2 во серијата прв до четири.