сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Џејмс Харден сака само да се пресели во ЛА Клиперс

Џејмс Харден сака само да се пресели во ЛА Клиперс

Кошаркарот Џејмс Харден влегува во нова сапуница околу неговата иднина во најсилната лига во светот, НБА.

На почетокот на летото Хјустон Рокетс беше примарна дестинација за него, но оттогаш тие ги доведоа Фред ван Влит и Дилон Брукс.

Сепак, Харден и понатаму сака да ги напушти Сиксерс, а се вели дека неговиот однос со генералниот менаџер Дарел Мори е многу лош. Затоа Харден сега сака да биде трејдуван во Лос Анџелес Клиперс и во ниту еден друг тим како би играл заедно со Ленард и Џорџ.

Минатата сезона, Харден во дресот на Филаделфија имаше просек од 21 поен, 6,1 скок и 10,7 асистенции.