Кошаркарите на Грција имаа катастрофален настап на Светското првенство. Завршија во 2. фаза, и како 15-ти тим на турнирот. Сметката за лошиот настап и лошите резултати ќе ја плати селекторот Димитрис Итудис.
Итудис одличил да поднесе оставка по разочарувачкиот настап на селекцијата на Мундобаскетот, тврдат грчките медиуми.
Актуелниот тренер на Фернебахче сака да се посвети само на клупската кариера, и да го намали притисокот на себе водејќи и клуб и репрезенатција.
Наводно Итудис веќе го информирал претседателот на грчката федерација Вангелис Лоилиос за неговиот потег, кој ќе биде официјализиран во следните неколку дена.