недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Домантас Сабонис го продолжи договорот со Сакраменто

Домантас Сабонис го продолжи договорот со Сакраменто

Литванскиот кошаркар Домантас Сабонис официјално го продолжи договорот со екипата на Сакраменто Кингс во НБА лигата. Синот на легендарниот Арвидас Сабонис ќе се задржи во дресот на „кралевите“ уште пет сезони.

Новиот договор ќе му гарантира огромна заработувачка од дури 217 милиони долари, а кошаркарот изјави дека е задоволен од продолжувањето на соработката.

Минатата сезона Домантас Сабонис одигра 79 натпревари за Сакраменто и забележа одличен „дабл-дабл“ просек од 19,1 поен, 12,3 скокови и 7,3 асистенции по натпревар. Во досегашната кариера настапуваше уште за Уникаха, Гонзага, Орландо Меџик, Оклахома Сити Тандер и Индијана Пејсерс.