недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Шарунас Јасикевичиус заминува во НБА лигата

Шарунас Јасикевичиус заминува во НБА лигата

Литванскиот кошаркарски тренер Шарунас Јасикевичиус ќе стане дел од стручниот штаб на Сакраменто Кингс.

Јасикевичиус ја водеше Барселона до минатата сезона, а сега ќе се обиде дополнително да го збогати своето знаење во Калифорнија.

За Литванецот беше заинтересиран и тимот на Мемфис Гризлис, бидејќи тој и претходно беше на мета на тимот од Мемфис, но сепак се одлучи прво за Жалгирис, а потоа и за Барселона.