Најдобриот кошаркар Лука Дончиќ вели дека одбраната е главна причина поради лошите резултати на неговата екипа оваа сезона.
Со доаѓањето на Кајри Ирвинг не се променија многу работи во Тексас, а Дончиќ во разговор за медиумите ја презема одговорноста за очајната форма на Далас.
„Мислам дека проблемот не е во нападот. Проблемот е во одбраната. Понекогаш ми е тешко да играм добро на двата краја на теренот, но морам да бидам подобар во одбрана“, вели Дончиќ.
Словенецот оваа сезона во просек постигнува по 32,8 поени, 8,7 скокови и 8,1 асистенции по натпревар.