петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Дончиќ казнет со 35.000 долари поради гест кон судиите

Дончиќ казнет со 35.000 долари поради гест кон судиите

Најдобриот кошаркар на Далас маверикс, Лука Дончиќ е казнет со 35.000 долари во поразот од Голден Стејт со 125:127 пред два дена на домашен терен.

Во финишот на мечот, Словенецот по еден обид за да постигне поени имаше контакт со Дрејмонд Грин, но судиите не забележаа прекршок. После тоа Дончиќ на судиите им покажа гест кој симболизира пари, алудирајќи дека се потплатени.

Дваесет и четиригодишниот играч оваа сезона има просек од 32,9 поени, 8,6 скока и 8,2 асистенции за 36,4 минути.

Далас е на 11. место во поредокот на Источната конференција со 36 победи и 38 порази.