петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Дончиќ: Нема да играм за Словенија само во еден случај

Дончиќ: Нема да играм за Словенија само во еден случај

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ не одбива ниту еден повик кој го добива од својата национална селекција, а сега тврди дека тоа никогаш нема да се промени се додека е здрав и нема некоја повреда. Дончиќ прифати одговорност за болната елиминација од Полска пред една година и истакна дека ги изневерил своите сонародници, а сега како лидер и капитен најави атак на највисок пласман.

– Пред една година го изневерив мојот тим, ја изневерив цела држава. Елиминацијата беше моја вина. Реков дека ќе се вратам, ќе играм за Словенија секогаш, нема можам да играм само ако сум повреден. Ова беше долго лето за мене и сега сум многу добро подготвен. Не сум играл официјален меч од 10-ти април и едвај чекам да дојде Светското првенство. Кога одам на еден турнир, секогаш целам на највисокото скалило, сакам да го освоиме. Одиме со таа цел, а останува да видиме што ќе се случи на теренот, – вели Дончиќ, кој изминативе месеци ослабна неколку килограми и сега е во врвна физичка форма.

– Сега се чувствувам многу подобро од крајот на сезоната во НБА. Мојот кондиционен тренер силно ме притисна и цел овој резултат е негова заслуга, – додава словенечката ѕвезда.