Најдобриот кошаркар на Далас, Лука Дончиќ го пофали напаѓачот на Милвоки, Јанис Адетокумбо.
-Тој веќе двапати стана МВП. Мислам дека ќе го направи тоа уште пет пати. Одличен играч и личност, изјави Словенецот.
Дончиќ и Антетокунмпо се меѓу номинираните за наградата за најкорисен играч во НБА оваа сезона.
Грчкиот напаѓач стана МВП во 2019 и 2020 година. (МИА)