Репрезентацијата на Словенија излезе како победник од битката со Белгија (88:72) и обезбеди пласман во четвртфиналето на Европското првенство. Човек на одлука беше фантастичниот Лука Дончиќ кој пресметката во Берлин ја заврши со 35 поени, 5 скока, 5 асистенции и 4 украдени топки со што успеа да влезе во историјата.
Имено тој е прв играч во последните 30 години кој успеал да врзе три натпевари со 30+ поени на најголемата европска сцена, но без разлика на ова одново има луѓе кои коментираат, зборуваат за него, неговата физичка форма и состојба, па запрашан за ова од еден новинар ѕвездата на Словенците гласно, кратко и директно порача:
-Ако се грижев за тоа што зборуваат луѓето со кои не се дружам, немаше да бидам овде. Воопшто не ми пречи, -истакна Лука.