Ѕвездата на НБА лигата Лука Дончиќ, кој со Далас испадна во финалето од плејофот во Источната конференција, ќе и се приклучи ова лето на словенечката репрезентација во продолжението на мундијалските квалификации, како и Европското првенство.
Дончиќ, како што пренесува DallasBasketball.com, ќе ги стартува тренинзите со репрезентативните колеги на 15 јуни.
– За 15 денови почнувам со тренинзи. Потоа прво ќе се квалификуваме на Светското првенство, а потоа ќе се подготвуваме за Европското првенство. Ме чека напорно лето, но како што секогаш велам, ако не сум повреден, јас секогаш ќе играм за репрезентацијата, изјави Дончиќ.
Словенија по воведните четири кола во мундијалските квалификации има две победи во група со Шведска, Хрватска и Финска, додека на Европското првенство ќе игра во група со Германија, Унгарија, Летонија, БиХ и Франција.