Одличниот кошаркар Блејк Грифин е нов член на тимот на Бруклин Нетс, со што оваа екипа дефинитивно станува еден од најсериозните кандидати за титулата во НБА лигата.
Грифин им се приклучува на Џејмс Харден, Кевин Дурент и Кајри Ирвинг со што оваа екипа станува и тоа како силна во продолжение од шампионат во најсилното кошаркарско натпреварување.
Грифин доаѓа од тимот на Детроит Пистонс како слободен играч.