Двете најслаби екипи оваа сезона во НБА лигата, Детроит Пистонс и Хјустон Рокетс ќе добијат нови тренери откако ја раскинаа соработката со досегашните стратези.
Стивен Сајлас си заминува од Хјустон по три тешки години на клупата на тимот од Тексас кој минуваше низ период на транзиција. Во трите сезони оствари вкупно 59 победи на 236 натпревари (25%). Како можни наследници на Сајлас се спомнуваат Ник Нурс, Франк Вогел, Кени Еткинсон и Име Удока.
Нешто поинаква е ситуацијата со Двејн Кејси кој нема да биде тренер на Детроит Пистонс, но сепак ќе остане во франшизата, како дел од менаџментот. Тимот од Мичиген беше убедливо најслаб во лигата со само 17 победи. Засега не е познато кој би можел да го замени Кејси на тренерската позиција