петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ЕМОТИВЕН МОМЕНТ ВО НБА: Леброн не можеше да ги сокрие солзите откако дозна за смртта на сопругата на славниот тренер (ВИДЕО)

Видно потресениот Џејмс прво со неверување гледаше, а потоа како вистински професионалец породолжи со коментарот, притоа голтајќи ги солзите кои некако успеа да ги прикрие.
ЕМОТИВЕН МОМЕНТ ВО НБА: Леброн не можеше да ги сокрие солзите откако дозна за смртта на сопругата на славниот тренер (ВИДЕО)

За тоа кој е најдобар кошаркар на сите времиња се водат бројни расправи. Леброн Џејмс многу го фалат, но и многу го оспоруваат… Сепак, едно е сигурно,кралот Џејмс е голем човек, а тоа го покажа и со својата реакција после веста за смртта на сопругата на Грег Попович.

После мечот меѓу Кливленд и Индијана, на кој Џејмс постигна 46 поени, новинарката ја соопштила тажната вест, дека починала Ерин, сопругата на големиот пријател на Леброн, Грег Попович. Видно потресениот Џејмс прво со неверување гледаше, а потоа како вистински професионалец породолжи со коментарот, притоа голтајќи ги солзите кои некако успеа да ги прикрие.

-Човече. Јас сум голем фан на Поп, тоа е голема трагедија. Мое сочувство до Попович и неговот семејство… Тоа се баш тажни вести… Боже… , кажа Леброј и потоа продолжи:

-НБА семејството се држи заедно. Кога ќе се случи вакво, се е на страна. Ги праќам сите мои молитви до небесата. Знам дека Бог никогаш не прави грешки… Ова се ужасни вести. Поддршка до тренерот на Сан Антонио и сите во Спарси, заврши Леброн, кој до крајот успеа да се прибере.

Инаку, поради смртта на својата сопруга, Попович најверојатно нема да го води својот тим во третиот меч од серијата во првата плеј- оф рунда против Голден Стејт. Место овој меч на Спарс ќе го води неговиот асистент, Италијанецот Еторе Месина.