Тренерот на актуелниот европски шампион Анадолу Ефес, Ергин Атаман, е еден од главните фаворити за преземање на клупата на грчкиот гигант Панатинаикос.
Панатинаикос е во потрага по нов тренер откако минатиот месец му даде отказ на Дејан Радоњиќ, а за наредната сезона се планира ремонт на екипата и ангажирање на неколку квалитетни кошаркари, со цел екипата да се вмеша во битката за титулата во Евролигата.
Во игра за прв тренер на грчкиот тим е и искусниот шпански тренер Пабло Ласо.