Екипата на Олимпијакос на домашен терен ја победи Барселона (77-70) и е на првата позиција на табелата во кошаркарската Евролига по 27 одиграни натпревари.
Каталонците во Пиреја го доживеаја деветтиот пораз и така на грчкиот тим му дозволија да скокне на врвот со една победа повеќе.
Американецот Мекисик беше најдобар кај Олимпијакос со 16 поени, пред Ларенцакис со 14 поени, додека најдобриот играч Везенков имаше 13 поени и седум скока. Кај Барселона се истакна Миротиќ со 19 поени и го следеше Лапровитола со 15 поени.
Партизан гледа кон ТОП-8 фазата затоа што забележа важна победа кај Виртус Болоња (79-86). Тимот на Жељко Обрадовиќ продолжи да игра блескаво на гостувањата и со важните бодови на „чизмата“ сериозно е во игра за разигрувањето.
Пантер со 17 и Нанели со 16 беа најдобри стрелци кај победникот. Егзум имаше 15 поени, седум скока и седум асистенции.
Реал Мадрид имаше предност од три поени во самиот финиш, но шокантно загуби од Басконија (81-85) во шпанското дерби. Не помогна добрата партија на Муса со 21 поен, евидентно беше отсутвото на Таварес, а кај Басконија, Костељо и Томпсон имаа 20 и 18 поени.