четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ЕВРОЛИГА: Милано изедначи против Ефес, Баерн до „брејк“ кај Барселона

ЕВРОЛИГА: Милано изедначи против Ефес, Баерн до „брејк“ кај Барселона

Италијански Милано и европскиот првак Анадолу Ефес одиграа супер-интересен втор дуел од плеј-офот во кошаркарската Евролига, кој заврши со победа на домаќинот (73-66)  со што серијата се изедначи на 1-1.

Турскиот првак не ја искористи одличната партија на Шејн Ларкин (19 поени) и Василије Мициќ (18 поени), а кај италијанските „манекени“ Данецот Шејвон Шилдс заврши со 20 поени, пред Серхио Родригез со 17 поени.

Баерн Минхен изненади и направи „брејк“ во вториот натпревар против Барселона (75-90) кој се играше на гостински терен во Шпанија, па и овде серијата е изедначена (1-1). Ако Каталонците беа одлични во првиот дуел, сега, беа далеку од она ниво кое навивачите го посакуваа.

Мечот се отвори лошо и константно се бркаше негатива, која во еден момент беше 16 поени (31-47). Најдобар кај Баерн беше Томас со 25 поени, пред Обст со 15 поени, додека кај шпанскиот тим Лапровитола и Митровиќ имаа по 16 поени.