среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Евролига: Партизан победи кај Ефес, Олимпијакос и Валенсија до славје во последната секунда

Евролига: Партизан победи кај Ефес, Олимпијакос и Валенсија до славје во последната секунда

Белградски Партизан го совлада Анадолу Ефес како гостин со 97:84 во четвртокот вечерта во натпреварот од 29-то коло на кошаркарската Евролига одигран во четвртокот во Истанбул.

Шампионот во последните две изданија на ова натпреварување одлично го отвори натпреварот и поведе со 23:6, но избраниците на Жељко Обрадовиќ во следните шест минути направија серија од 18:2 и дојдоа во само еден кош заостанување, а полувремето го завршија со водство од два поени (39:37.)

Андаолу Ефес во последните осум минути замина со три поени предност (70:67), а потоа Партизан за четири ипол минути направи серија од 20:2 и оствари вредна победа.

Кевин Пантер постигна 19 поени за победниците, Матијас Лесорт 17, а Зек Ледеј и Џејмс Нанали постигнаа по 16 коша. Вил Клибурн ги предводеше стрелците на Ефес со 22 поени.

Водечкиот Олимпијакос победи тесно со 74:72 на гостувањето кај Жалгирис, а Саша Везенков го постигна победничкиот кош на шест секунди пред крајот.

Везенков постигна 25 поени со осум скока, а најдобар стрелец кај тимот од Каунас беше Летонецот Роландс Смитс со 18 поени.

Кошаркарите на Реал Мадрид мораа да се помачат пред своите навивачи за да го совладаат Армани Милано со 91:87 во неизвесна завршница.

Повторно најголема заслуга за победата имаше Џанан Муса, кој постигна 27 поени, а Валтер Таварес го следеше со 17. Стрелците на италијанскиот тим ги предводеше Шабаз Напиер со 17 поени, додека Николо Мели постигна 16.

Завршницата беше драматична и во Валенсија, каде истоимената домашна екипа го совлада турски Фенербахче со 82:80. Прво на 11 секунди до крајот Марко Гудуриќ со „тројка“ од девет метри израмни на 80:80, а на 0,4 секунди до крајот Џејмс Веб Трети успеа да ја протне топката низ обрачот за победа на Валенсија, откако Џаред Харпер промаши положување.

Бојан Дубљевиќ беше најдобар стрелец кај домашните со 18 поени, а Гудуриќ постигна 23 за Фенер.

Евролига – 29-то коло

Анадолу Ефес – Партизан 84:97
Монако – Виртус Болоња 81:68
Жалгирис – Олимпијакос 72:74
Макаби ТА – Басконија 93:79
Валенсија – Фенербахче 82:80
Реал Мадрид – Армани Милано 91:87
Асвел – Панатинаикос 82:86

Во петок на распоредот се дуелите Баерн – Алба Берлин (20.30 часот) и Барселона – Црвена ѕвезда (20.30 часот).