среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

ЕВРОЛИГА: Партизан загуби во Милано, тежок триумф на Реал Мадрид

ЕВРОЛИГА: Партизан загуби во Милано, тежок триумф на Реал Мадрид

Екипата на Партизан не успеа до нова гостинска победа и ја прекина добрата серија со пораз кај Олимпија Милано (76-62) во рамки на 28. коло во кошаркарската Евролига.

Тимот на Жељко Обрадовиќ играше одлично, го контролираше резултатот, но во последната четвртина му дозволи на противникот да слави двоцифрено и така „манекените“ си го трасираа патот до победата.

Пантер беше најдобар кај Партизан со 15 поени, додека кај Милано, Барон и Дејвис имаа по 14 постигнати поени.

Виртус Болоња ја закова Алба на дното (74-96). Вимс со 22 и Теодосиќ со 21 поен беа најдобри кај италијанскиот тим, а кај бундеслигашот натурализираниот хрватски кошаркар Смит даде 12 поени.

Реал Мадрид им се врати на победите со тежок триумф над Валенсија (95-91). Аргентинецот Дек имаше одличен меч со 18 поени, а кај шпанскиот ривал, Џонс заврши со 19, а Риверо со 17 поени.