понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Евролига: Пораз на Реал во Пиреа и на Ефес во Истанбул

Евролига: Пораз на Реал во Пиреа и на Ефес во Истанбул

Кошаркарите на грчки Олимпијакос гои победија во петокот вечерта пред своите навивачи Реал Мадрид со 73:60 во дербито од 20-то коло на Евролигата, а Анадолу Ефес како домаќин изненадувачки беше поразен од Баерн со 81:89.

Олимпијакос го предводеа Волкап со 18 и Везенков со 15 поени, додека најдобри стрелци кај Реал со по 12 коша беа Муса и Таварез.

За победата на Баерн среде Истанбул најзаслужни беа Хантер со 18 коша и 9 скокови, како и Рубит и Винстон кои впишаа по 14 поени. Домашните ги предводеше Василије Мициќ со 15 коша.

Црвена ѕвезда пред 15.000 домашни навивачи на Жалгирис лошо влезе во натпреварот, но до крајот на полувремето успеа да ја намали предноста на домашните на осум поени. Третата четвртина белграѓаните ја добија со 26:12 и водството од 64:57 го имаа до влегувањето во нервозната завршница. Домашните покрај реализацијата за два поена во низа постигнаа и две „тројки“ што им овозможи недостижни плус 6 во самиот финиш.

Жалгирис го предводеше Улановас со 13 поени а со по 10 коша го следеа Смитс и Полонара. Кај Ѕвезда предничеа Патрушев, особено во третата четвртина, кој на крајот впиша 16 поени и Недовиќ со 11 коша, но имаа слаба поддршка до засилувањето Вилдоза со 9 поени и многу потрошени топки и технички грешки.

 

Евролига – 20. коло

Одиграно во петок:
Анадолу Ефес – Баерн 81:89
Жалгирис – Црвена ѕвезда 71:66
Олимпијакос – Реал Мадрид 73:60
Армани Милано – Асвел 73:79