среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

ЕВРОЛИГА: Ц.Звезда лесно против Басконија, пораз на Ефес Анадолу

ЕВРОЛИГА: Ц.Звезда лесно против Басконија, пораз на Ефес Анадолу

Српскиот кошаркарски шампион Црвена Звезда славеше над Басконија со 74:63 во 30 коло од кошаркарската Евролига.

Басконија имаше предност во првата четвртина, но Звезда ја презеде иницијативата и го контролираше мечот до крај. За „црвено-белите“ тоа е 13-та победа сезонава и прва после двата порази од Панатинаикос и Барселона.

Најефикасен кај Звезда беше Недовиќ со 20 поени, а кај Басконија Томсон со 15. Европскиот шампион Ефес повторно е поразен кај Алба во Берлин со 95:93. Кај Ефес најдобар беше Мициќ со 30 поени, а кај Алба најмногу поени постигна Смит 25.

На другите мечеви Барселона славеше на гости кај Панатинаикос со 88:74, додека Макаби ТА беше подобар на гостувањето кај Лион со 85:67.