петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Евролига: Црвена звезда го урна шампионот Анадолу Ефес

Евролига: Црвена звезда го урна шампионот Анадолу Ефес

Кошаркарите на Црвена звезда во 27 коло од Евролигата го совладаа актуелниот шампион, тимот на Анадолу Ефес со резултат 94:75 .

Белградските „црвено-бели“ ја забележаа 12 победа сезонава и останаа во трката за Топ 8. Турскиот клуб има една победа повеќе и натпревар помалку.

За српската екипа доминираше Кампацо кој постигна 22 поени, потоа Добриќ 15, а Митровиќ и Бентил по 10. Кај гостите Жижиќ постигна 16 поени, Бубуа 15, а Клајбурн и Мбаје по 12.

На табелата Црвена звезда е на 13 место, додека Анадолу Ефес е на 11 позиција. Се одиграа уште два меча во средата: Макаби Тел Авив – Фенербахче 78:74, Монако – Панатинаикос 84:70.